Apstrakt
Предмет на анализа во овој труд се именките со субјективна оценка кои се употребуваат кај македонските говорители во јужен Банат. Анали-зата се базира на материјал собран во населените места Јабука, Качарево и Пландиште. Од анализата констатиравме дека употребата на именки со деминутивно-хипокористично значење е навистина голема и тоа најчесто со зборообразувачкиот формант -че, карактеристичен и за македонскиот и за српскиот јазик, додека употребата на именки со аугментативно-пејора-тивно значење е сведена на минимум бидејќи сретнавме само еден пример со вакво значење деривиран со формантот -иште.